Spa & Villa – „Sparadise“

Vila - Spa centar 1 Soba/e 1 Toalet/a 1 Garaža/e 203 m2

Задоволство ни е да ви ги представиме Spa & Villa - „Sparadise“. Единствената оаза која ви овозможува хармонија на душата и телото, како и целосна ревитализација на физичкиот и менталниот изглед. Spa & Villa - „Sparadise“ е свет на здравјето и убавината, релаксација и луксузно опуштање. Ние ви го нудиме сето тоа, затоа сме тука за вас. Повелете посетете не.

 
Spa & Villa – „Sparadise“ / Задоволство ни е да ви ги представиме Spa & Villa – „Sparadise“.

Единствената оаза која ви овозможува хармонија на душата и телото, како и целосна ревитализација на физичкиот и менталниот изглед.

Spa & Villa – „Sparadise“ е свет на здравјето и убавината, релаксација и луксузно опуштање. Ние ви го нудиме сето тоа, затоа сме тука за вас. Повелете посетете не.

– Спа центар :

1. АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА : Антицелулитната масажа има цел да ја израмни „портокаловата“ кожа на телото, која е проблем скоро на секоја жена. Ако се изведува правилно таа помага да се намали целулитот, но не го отстранува целосно.

За да се ослободите од целулитот, потребно е да го комбинирате овој тип масажа со здрава и балансирана диета и редовна физичка активност.

2. ЧОКОЛАДНА МАСАЖА : Чоколадо извор на среќа: богат со позитивни ефекти.

Чоколадото содржи антиоксиданси и активни состојки кои имаат позитивен ефект врз целиот организам: какао путерот е за мекост, хранење, навлажнување, заштитување, и против стареење; минералните соли за тонизирање; танинот за слабеење.

Тоа е алкалоид кој помага во создавањето на ендорфин, супстанца која ја зголемува активноста на серотонин,неуротрансмитер на смиреност и добро расположение.

Чоколадна масажа: уникатна,магична,ексклузивна.

Чоколадна масажа, масажа која ве разгалува. Вкусен хедонистички момент, кој ги буди сите сетила, целосно продлабочување на физичка и ментална благосостојба: искушение на кое не може да се одолее.

Чувството и ефектот од масажата се навистина посебни: покрај чувството на смиреност и релаксација, ја храни, ја навлажнува и ја прави кожата на телото мека и нежна. 3. МАСАЖА НА СТАПАЛА : Нашите стапала се одраз на нас самите и нашата внатрешна состојба. Како двоножни суштества со стапалата сме во контакт со земјата и нејзината енергија, и како дрво со своите корења, разменуваме енергија со земјата.

За непречен проток на енергијата потребен е добар контакт со подлогата, за што се неопходни здрави и негувани стапала.

Масажата на стапалата, особено на табаните може да влијае на секој дел од телото, како органите, мускулите, скелетот.

4. МАСАЖА НА ЛИЦЕ : Масажата на лице е најпопуларен третман за убавина кој помага да се врати тонусот на мускулите на лицето, го забавува процесот на стареење на кожата и помага во враќањето на младешкиот изглед.

Исто така, се користи за ублажување на стресот, мигрената и проблеми со синусите.

5. ПАРЦИЈАЛНА МАСАЖА: Намалување на стресот и целосно опуштање, на дел од телото, со парцијална масажа, која ја зголемува флексибилноста на телото, овозможува длабока релаксација и Ви дава чувство на леснотија.

6. РЕЛАКС МАСАЖА :Вистинска комбинацијата од релаксирачка масажа и опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките, и стресот, и истовремено ја подобрува циркулацијата и Ви ја враќа позитивната енергија.

7. СПОРТСКА МАСАЖА : За сите оние кои се обидуваат да ја подобрат својата, сила, издржливост, еластичност и брзина. Со длабоки и динамични движења, се опушта Вашето тело, а истовремено се јакнат парцијалните делови на кои се прави масажата.

Спортската масажа е добра за луѓе со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења. – ТУРСКА ПАРНА БАЊА :

Турска парна бања е уживање во просторија исполнета со пареа.

Во неа има изработено лежалка со мермерна плотна со инсталирано греење во неа, на која што се врши масажа пенлив сон и пилинг на телото.

Нејзиното делување е повеќекратно:

– Температурата во парната бања ги стимулира виталните функции, го зајакнува имунитетот и на телото му дава додатна енергија. – Топлата пареа ги отвора порите, помага при исфрлување на токсините ја чисти епидермата која постанува мека и нежна. – Во комбинација со ладен туш, ја подобрува циркулацијата, помага при отстранување на целулитот и обнова на ткивата.се добива чувство на уживање и опуштање.

Во почетокот да не се седи повеќе од 10мин, а после може и максимум до 25мин. Температурата треба да се намести помеѓу 35 и 50 степени. Препорачливо е да се користи сунѓер за тело, заради отстранување на мртвите клетки.

После турската бања, се оди на туширање, и она што е важно е дека во бањата се губи доста телесна течност, и затоа после излагање треба да се пие вода, чај или сок за да се надомести изгубената течност.

Тука може и да се прави ароматерапија, каде во генераторот се ставаат миризливите екстракти и се добива една додатна релаксација.Мирисот од секој екстракт различно делува на организмот, ги освежува, стимулира, смирува прочистува дишните патишта, делува антибактериско а кај некои има и антицелулитно дејство.

Разлика помеѓу парна бања и сауна во сауната со загревање на вулканските камења се создава сув и топол воздух, а во парната бања се загрева водата и така се создава пареа. Во парната бања повеќе ќе се испотите отколку во сауната.

– САУНА :

Главна цел е уживање, опуштање и потење.

Седењето во сауна трае од 10-15мин. во 3 серии, со паузи во време траење онолку колку што седиме во сауната,после секое излегување од сауната здолжително оди туширање.

Температурата најчесто варира од 60 до 120 степени,најчесто користена температура е 85 степени, за сите оние кои првапат влегуваат во сауна препорачлива температура е 60 степени, доколку седите на горната клупа температурата е повисока за 15 степени од долната.

За поудобна клима, камењта ги полеваме со вода од саунска шефла, користете исклучиво ладна вода од чешма, не од базен или топла вода од бољер.

Разликата помеѓу сауната и парната бања е во тоа што во сауната имаме сув воздух добиен со загревање на вулканските камења, а во парната бања се затоплува вода која преку парен генератор ја исполнува просторијата со влажен воздух (пареа).Заедничко е тоа што преку нивно користење ги исфрлате токсините отровите од нашето тело преку потењето.

– Вила :

УСЛУГИ

Главно:

Кафетерија, 24 часовна рецепција, Тераса, Соби за непушачи, Фамилијарни соби, Експресно пријавување и одјавување, Климатизација.

Активности:

Сауна, Спа и Фитнес клуб, Масажа, Џакузи, Турска бања, Затворен базен.

Дополнителни услуги:

Факс/фотокопирање.

Интернет:

Бесплатен Wi-Fi безжичен интернет низ целиот објект.

Паркинг:

Бесплатен слободен паркинг (резервација не е потребна).

ПРАВИЛА

Пријавување: од 7:00 до 00:00 часот

Одјавување: од 7:00 до 12:00 часот

Откажување/плаќање однапред:

Откажување и плаќање однапред политиката се разликува од типот на собите. Ве молиме внесете го датумот на вашиот престој и провери кои услови важат посакуваната соба.

Деца и помошни легла:

Бесплатно за сите деца под 5 години, се сместуваат бесплатно при користење на постоечките легла.

– За сите деца под 2 години е бесплатно сместувањето на детски кревети.

– За сите поголеми деца или повозрасни се наплаќа 10 евра по особа за дополнителни легла.

– Нема додатни кревети во собата.

– Максимален капацитет на детско легло (1).

– Секој вид на дополнително легло или детско креветче мора да биде потврден од страна на вилата.

– Додатните услуги нема да се наплаќаат во вкупната цена, туку ќе бидат наплатувани посебно во вилата.

Домашни миленици:

Домашните миленичина се дозволени без дополнителни трошоци.

Плаќање со кредитни картички: Visa, Euro/Mastercard, Maestro.

Cene mozete dobiti putem sajta ili nase (kontakt forme) , ili na brojeve telefona koji se nalaze u koloni (Kontakt vlasnika) . . .

Vaše ime (obavezno)

Vaš email (obavezno)

Telefon

Mobilni

Broj odraslih

Broj dece

Datum dolaska

Datum polaska

Naslov

Vaša poruka

NAPOMENA: Ukoliko zovete telefonom, molimo Vas da napomenete da ste oglas videli na stranama www.turisticke-ponude.com

Hvala!

Telefon : +389 46 611 220 , +389 46 611 220 , +389 78 302 626 , +389 78 261 383

Web site : http://www.sparadise.com.mk

E mail: sparadise_oh@yahoo.com

Adresa: 15-ти Корпус бр.41 , Охрид, Македонија

Video link: http://www.sparadise.com.mk/video

NAPOMENA: Ukoliko zovete telefonom, molimo Vas da napomenete da ste oglas videli na stranama www.turisticke-ponude.com

Hvala!

Leave a Reply

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *

Animated Social Media Icons Powered by Acurax Wordpress Development Company